Куркумата (смелен корен на растениeто Curcuma longa L.) потекнува од Индија и се користи илјадници години во подобрување на одредени здравствени состојби, како зачин и средство за боење во Азиските земји, а во последните децении нејзината употреба е раширена по светот. Поради нејзината активна состојка, куркумин, таа денес се наоѓа и во фокусот на класичната медицина. Куркуминот има ефект врз намалување на воспалението, има антиоксидативни и антитуморни карактеристики, може да делува на контрола на метаболизмот и дебелината и го подобрува памтењето и нарушувањата на расположението. Денес бројни научни испитувања ги проучуваат ефектите на куркуминот врз артрозата на зглобовите, ревматоидниот артрит, мигрената, улцерозниот колит, атеросклерозата, цирозата на црниот дроб, псоријазата, депресијата, Алцхајмеровата болест и низа на други заболувања.
Меѓутоа, куркуминот во многу мала мера се апсорбира во системот за варење. Дополнително на тоа, на телесна температура или на светлост чистиот куркумин брзо се деактивира, поради што внесувањето на тераписки концентрации на куркумин преку необработени екстракти е тешко и недоволно. Флексофитолот содржи био – активен екстракт од Curcuma longa со стандардизирани количини на куркумин, што овозможува негово оптимално дозирање за одржување на флексифилноста на зглобовите.
Остеоартритот е заболување во кое има воспаление и болка во одредени зглобови (најчесто колено, колк, шаки, ‘рбет, но може да биде зафатен било кој зглоб). Главната цел при неговото лекување е намалување на болката преку намалување на воспалението, мускулните спазми и губитокот на зглобната ‘рскавица. Основните лекови кои се користат се аналгетици, кортикостероиди и нестроидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ), кои ги намалуваат симптомите, но имаат низа на несакани ефекти, особено на желудникот, цревата и кардиоваскуларниот систем.
Позитивните ефекти на куркуминот врз заболувањата на зглобовите се докажани со повеќе клинички испитувања. Кај пациентите со остеоартрит (артроза), куркуминот и био-активниот екстракт од Curcuma longa може да ја намалат болката, зглобната вкочанетост и фунцијата на зглобовите. Нивните ефекти се слични на ефектите на НСАИЛ, кои најчесто се користат во третманот на остеоартритот. Меѓутоа, терапијата со био-активниот екстракт од куркума има значително помалку несакани ефекти од користењето на НСАИЛ. Кај потешките форми на заболувањето, комбинацијата на куркумин и НСАИЛ дава подобар ефект отколку користењето само на НСАИЛ. За оптимален ефект, се препорачува пациентите со остеоартрит да користат куркумин во период подолг од 12 недели. Притоа, оптималната доза на Флексофитол е две капсули по два пати на ден во тек на првиот месец, а потоа по две капсули еднаш дневно.
Кај ревматоидниот артрит, куркуминот ги подобрува симптомите и ги намалува системските маркери на воспалението, кои се испитуваат во крвта (седиментација, реума фактор, ЦРП). Позитивни ефекти со намалување на процесите на воспаление и смирување на симптомите има и кај пациентите со анкилозирачки спондилит и гихт.
Куркуминот има позитивни ефекти со намалување на активноста на болеста, болката и подобрување на секојдневните активности кај деца со јувенилен артрит. Тој не предизвикува несакани ефекти и може да се дава на деца над 6 годишна возраст при заболувања на зглобовите, тетивите и мускулите. Дозирањето на Флексофитол кај деца од 6 до 12 годишна возраст е 2 капсули еднаш дневно во тек на еден месец, а потоа се продолжува со една капсула на ден.
Користена литература
- Kotha RR, Luthria DL. Curcumin: Biological, Pharmaceutical, Nutraceutical, and Analytical Aspects. Molecules. 2019 Aug 13;24(16):2930. doi: 10.3390/molecules24162930. PMID: 31412624; PMCID: PMC6720683.
- Zeng L, Yang T, Yang K, Yu G, Li J, Xiang W, Chen H. Efficacy and Safety of Curcumin and Curcuma longaExtract in the Treatment of Arthritis: A Systematic Review and Meta-Analysis of Randomized Controlled Trial. Front Immunol. 2022 Jul 22;13:891822. doi: 10.3389/fimmu.2022.891822. PMID: 35935936; PMCID: PMC9353077.
- Zeng L, Yu G, Hao W, Yang K, Chen H. The efficacy and safety of Curcuma longa extract and curcumin supplements on osteoarthritis: a systematic review and meta-analysis. Biosci Rep. 2021 Jun 25;41(6):BSR20210817. doi: 10.1042/BSR20210817. PMID: 34017975; PMCID: PMC8202067.
- Breucker, S. , Rouvière, H. , Mélot, C. and Appelboom, T. (2017) Flexofytol®(A Belgian Curcumin Extract) for the Treatment of Aged Patients with Osteoarthritis and Comorbidity. Open Journal of Rheumatology and Autoimmune Diseases, 7, 167-177. doi: 4236/ojra.2017.74017
ИЗРАБОТИЛ:
Д-р. Даница Поповска
Специјалист по ортопедија и трауматологија од
ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ
EWO-NMK-PR.FLEXOFYTOL-07.23-003
Остави коментар