Примена на Флексофитол кај пациенти со остеоартроза
Остеоартроза или остеоартрит е хронично, дегенеративно заболување кое ги зафаќа зглобовите. Најчесто афектирани се носечките зглобови на колкот, коленото, скочниот зглоб или ᾽рбетниот столб.
Класификација:
ПРИМАРНА – идиопатската остеоартроза се јавува постепено;
Најчести предиспонирачки фактори за настанување на ОА се:
- генетска предиспозиција;
- стареење;
- гојазност – зголемената телесна тежина дополнително ги оптеретува особено носечките зглобови на колковите, колената, скочниот зглоб и ᾽рбетот;
- претерана или недоволна физичка активност.
СЕКУНДАРНА – после
- Претходна траума и механички проблем, повторувачки дислокации;
- Инфекција – септички артритис;
- Воспалителен – RA;
- Конгенитални деформитети на зглобот – Perthe’s, дисплазии итн;
- Присутна системска болест;
- Метаболни заболувања, дијабетес мелитус DM, Haemochromatosis итн.;
Ризикот се зголемува со намалена коскена густина и високи нивоа на естроген.
Епидемиологија:
- Почеток околу 50-годишна возраст;
- Жени > Мажи (2:1);
- 10 % од општата популација;
- *OA ја зголемува зачестеноста со возраста, не поради стареењето туку поради тоа што се потребни многу години за неговиот развој.
Патоанатомија и патофизиологија:
- Прогресивно губење на дебелината на зглобната ᾽рскавица;
- Формирање на субартикуларни цисти и субхондрална склероза;
- Ремоделирање на краевите на коската и формирање на коскени израстоци – остеофити;
- Синовијална иритација;
- Капсуларна фиброза.
Дегенерацијата на ᾽рскавицата настанува постепено, со нарушување на нормалната хомеостаза на зглобот под дејство на предиспонирачките фактори, со што:
има зголемена содржина на вода;
намалена концентрација на протеогликани;
слабеење на колагенската мрежа (редуциран тип II колаген);
IL-1, TNF и NO се зголемени во зглобот;
зголемена апоптоза на хондроцитите.
Тоа резултира со намалена тензилна сила и намалување на еластичноста и дегенерација.
Клиничка слика:
болка – во зглобовите при движење, а се смирува со одмор и мирување.
Интензитетот на болка може да биде различен, од умерена до силна болка;
вкочанетост – утринска вкочанетост, ограничени движења и крепитации во зглобот (чувство на крцкање во зглобот при движење);
- оток;
- нестабилност на зглобот;
- намален опсег на движење на зглобот;
- атрофија на околната мускулатурата;
- скратување на ногата при оштетување на колкот или појава на Х или О деформитет кај оштетување на колениот зглоб, присуство на Хеберденови чворчиња, коскени израстоци на интерфалангеланите зглобови на прсти од шаки итн.
Дијагноза:
Клинички преглед:
Инспекција – анталгичен од;
– деформитет;
– хипо/атрофија на мускулатура;
– оток, црвенило или дисколорација.
Палпација – минимален или без зглобен излив;
– палпаторна болна осетливост.
- Движење – лимитирано (редуциран ROM);
– присутни крепитации при движење.
- Специјални тестови – Варус и валгус стрес тест
Лабoраториска анализа (комплетна крвна слика, седиментација, ЦРП, реума фактор, мокрачна киселина) обично со нормални вредности;
РТГ-графија – АП и ЛЛ проекција
– РТГ-карактеристики на ОА:
- стеснување или губење на зглобниот простор (прв знак на OA), означува трошење на зглобната ᾽рскавица;
- формирање на остеофити – на периферијата на зглобот;
- субхондрална склероза;
- субхондрални цисти.
Третман:
Конзервативен:
Симптоматска терапија:
Флексофитол – природно решение, додаток на исхрана.
НСАИЛ – несакани ефекти, ГИТ тегоби, кардиоваскуларен и ренален ризик;
Парацетамол – хепатотоксичен;
Интраартикуларна блокада (вискосуплементација, ПРП, анестетик+кортико препарат – несакани ефекти: инфекција и инфламација/контраиндикација: дијабетес);
Глукозамин сулфат, хондроитин, според некои студии немаат значаен ефект врз болката;
Хигиено-диететски режим, намалување на телесна тежина, физичка активност;
Физикални мерки, кинези и хидротерапија.
Оперативен – артроскопски, алоартропластика итн.
Кај пациентите во нашата амбуланта, кај кои беше вклучен Флексофитол, постигнато е:
- антиинфламаторен ефект;
- подобрување на состојбата кај пациентите со ОА;
- подобрување на функционалноста и подвижноста;
- заштитен ефект на ᾽рскавицата;
- оптимална безбедност;
- пролонгирање на периодот за оперативен зафат;
- долготрајна употреба без несакани ГИТ проблеми.
Зошто има ефект кога пациентите користат Флексофитол?
Куркумата во Флексофитол е во посебна, уникатна формулација која овозможува голема биорасположливост, односно ефектот кај пациентите е одличен затоа што искористливоста на куркумата е голема.
Зборуваме за биоактивен екстракт од куркума кој е добиен по лиценцирана постапка. Во студии е покажано дека растворливоста на куркумата е 4000 пати, а биорасположливоста е повеќе од 1300 пати поголема од куркумата во прав. Формулацијата овозможува активната состојка да дојде во соодветни количини до местото на делување.
Една мека капсула Flexofytol содржи 42 mg активен куркумин и е еднакво ефикасна како речиси цел килограм (950 g) куркума во прав.
Дозирање:
Зглобови и мускули
Деца од 6 до 12 години
Почеток: две капсули наутро во период од 1 месец.
Одржување: една капсула наутро.
Возрасни над 12 години
Почеток: две капсули наутро и навечер во период од 1 месец.
Одржување: две капсули наутро.
Тетиви
Деца од 6 до 12 години:
две капсули наутро и навечер во период од 1 недела.
Возрасни над 12 години:
четири капсули наутро и навечер во период од 1 недела.
Флексофитол е безбедна опција за подолготрајно користење кај пациенти со проблеми во зглобовите, мускулите и тетивите.
Целта на користењето на Флексофитол е да се одржи мобилноста на зглобовите и да се подобри квалитетот на животот на пациентите и најбитно од сѐ да се намали употребата на хемиски формирани лекови за болка.
Покрај тоа што Флексофитол има ефект кај пациени со ОА кај возрасни, за други состојби, како спортски повреди или состојби на мускуло-скелетениот систем, каде што има потреба да се вклучи антиинфламаторен препарт, предноста на Флексофитолот е тоа дека може да се употребува кај пациенти над 6 години.
Не се препорачува кај пациенти кои се на антикоагулантна терапија, не се препорачува кај бремени и при перзистентна дијареја. Да не се надминува дневната доза. Да се чува надвор од дофат на деца. Додатоците на исхрана не треба да се користат како замена за разновидна исхрана.
Д-р Даниела Јовановска-Јордановски, специјалист ортопед
ЗДС Поликлиника „Јане Сандански“ – Скопје
Kористена литература:
- Osteoarthritis, 2nd edition, Kenneth D. Brandt, Michael Doherty, L Stefan Lohmander, Oxford University Press, 2003
- Ortopedija,cetvrto dopunjeno izdanje, Ivo Ruszkowski I suradnici,Jumena, Zagreb 1990
- Ортопедски прикази – практичен приод, Адам Гринспен, Табернакул, 2011
- Current Diagnosis & Treatment in Orthopaedics 3rd edition by Harry Skinner, 2003
- https://www.mayoclinic.org/diseases-conditions/osteoarthritis
- American Academy of Orthopaedic Surgeons. Management of Osteoarthritis of the Hip. Evidence-Based Clinical Practice Guideline. Accessed at org/quality/quality-programs/lower-extremity-programs/osteoarthritis-of-the-hip/Link to External Link Policy on June 8, 2023
FLEXOFYTOL-EWO-NMK-OA-10.2024-0003
Остави коментар