Болките при растење кај децата се една од честите причините поради која загрижените родители се јавуваат на преглед кај својот педијатар или ортопед. Најчесто ги погодуваат децата на возраст од 3 до 5 години и од 8 до 11 години, но можат да се јават и помеѓу тој период. Момчињата и девојчињата се подеднакво погодени. Понекогаш тие болки продолжуваат и во тинејџерските години и раната адолесценција.

Симптомите најчесто може да вклучуваат непријатна болка, тиштечка, обично под коленото, а може да се почувствуваат и зад коленото и предната страна на натколеницата. Генерално болката најчесто се појавува после физичка активност, попладне или навечер. Понекогаш, болката може да го разбуди детето од сон. Причината не е позната, но се претпоставува дека има генетска предиспозиција и е поврзана со пиковите на раст и секогаш е концентрирана околу зоните на раст кои се најпогодени од дискрепанцата на раст на коските и мускулотетивниот систем.

Овие состојби се многу почести кај деца кои имаат хипермобилни зглобови и имаат зголемена конституционална еластичност. Кај нив во тек на раст и развој доаѓа и до болка како последица на зголемен напор на мускулите кои се обидуваат да ги стабилизараат лабавите и понестабилни зглобови.

Друга причина за болка во зглобовите е и лошото држење на телото (постура) при стоењето и седењето или неправилно одење што предизвикува поголемо оптоварување од вообичаеното на потпорните мускули на телото. Понекогаш, децата чии стапала имаат спуштен свод и деца со многу рамни стапала може да имаат повеќе проблеми со болки од другите деца.

Понекогаш болките можат да бидат предизвикани и од посериозни состојби кај децата како остеохондритис, инфекции (како и остеомиелитис), артритис и јувенилен артритис, синовитис, вирусни инфекции, тумори на коските и меките ткива и мн. други.

Многу важно е  родителите да не го самодијагностицираат своето дете ниту да ја игнорираат неговата состојба туку да се упатат кај својот лекар и да се консултираат со ортопед кој ќе направи детална анамнеза и детален клинички преглед и според тоа ќе одреди дали се потребни други иследувања за точно утврдување на дијагнозата и понатамошниот третман.

Децата кои чувствуваат болка при раст, можат да се занимаваат со физички активности, но доколку физичката активност не ја потенцира или делува на зголемување на болката. Најчесто препораките се однесуваат на умерени активности, пешачење, возење велосипед, гимнастика и игри без нагалсено трчање и скокање. Понекогаш може да има поголема штета доколку детето е  комплетно неактивно и не спортува.

Во последните години, истражувањата покажаа дека куркуминот може да биде корисен во третманот на болки кај деца, што го прави интересен избор за лекарите и родителите кои бараат природни и ефективни опции за ублажување на дискомфортот кај своите деца.

Нашите долгогодишни искуства со Flexofytol®  покажуваат висока ефикасност кај повеќе патолошки состојби кај децата без појава на несакани реакции. Најчести индикации покрај болките во раст се скокачко колено, ходромалација на патела, Mb Osgood Schlater, Mb Sever и други остеохондрози како и при синовити како адјувантна терпија, при контузии и дисторзии.

Flexofytol®  е биоактивен екстракт од куркума кој со посебен технолошки процес направен е да се раствара во вода т.е зголемена е неговата солубилност што резултира со последователо зголемување и на биорасположливоста на препаратот. Неговиот механизам на дејство е двоен. Од една страна ги блокира медијаторите на воспалението и по таков начин го пројавува својот аналгетски ефект, а од друга страна ја блокира нуклеарната KB патека со што не дава процесот на дегенерација да прогресира доколку е индициран за пациенти со дегенеративна патологија.

Flexofytol®  е препарата кој е индициран за деца над 6 годишна возраст и возрасни, за болки во зглобови, мускули и тетиви, а неговото дозирање кај детска популација е: 

Зглобови  и мускули:

Почетна доза:

Деца од 6 до 12 години

Почеток: 2 капсyли наутро во период од 1 месец

Оджување: една капсула наутро.

            Над 12 години

Почеток: 2 капсули наутро и навечер во период од 1 месец

Одржување: 2 капсули наутро

Тетиви:

6-12 години: 2 капсули наутро и навечер во период од 1 недела

Над 12 години: 4 капсули наутро и навечер во период од 1 недела

Flexofytol® може да се користи долготрајно без несакани ГИТ проблеми

Мерки на претпазливост

Не се употребува за време на бременост и доење или во случај на опструкција на жолчниот канал.

Потребен е совет со лекар доколку во исто време пациентот употребува кумарински или хепарински антикоагуланси.

Не се употребува во случај на упорна дијареа.

Референци:

Heidari Z, Daei M, Boozari M, Jamialahmadi T, Sahebkar A. Curcumin supplementation in pediatric patients: A systematic review of current clinical evidence. Phytother Res. 2022 Apr;36(4):1442-1458. doi: 10.1002/ptr.7350. Epub 2021 Dec 14. PMID: 34904764.

Suskind DL, Wahbeh G, Burpee T, Cohen M, Christie D, Weber W. Tolerability of curcumin in pediatric inflammatory bowel disease: a forced-dose titration study. J Pediatr Gastroenterol Nutr. 2013 Mar;56(3):277-9. doi: 10.1097/MPG.0b013e318276977d. PMID: 23059643; PMCID: PMC3701433.

Изработил:

Спец.Д-р. Марија Јакимова

Ортопедски хирург

 

 

 

 

EWO-NMK-PR.FLEXOFYTOL.09.24-003