Сигурно, барем еднаш во животот, поголемиот дел од луѓето почувствувале болка во рамото.
Болката во рамото може да се појави во најнепогодни моменти, како на пример, кога посегнувате кон горната полица во продавница за да земете некој предмет или кога се обидувате да најдете удобна положба за спиење без да почувствувате болка во рамото или во вратот. Болката, исто така може да се манифестира како резултат на повреда. Постојат неколку причини за појава на болка во рамото чија сериозност може да варира, од повремена непријатност на мускулите околу рамениот појас, па сè до непријатно чувство на „триење“ – коска на коска.
Како настанува болката во рамото или Причини за појава на болка во рамото?
Рамениот зглоб е најсложениот и најподвижниот дел од човечкото тело. Поради тоа, постојат многу различни причини кои може да предизвикаат болка. Една од најчестите причини за болка во рамото е:
Импиџмент синдром:
Импиџмент синдромот опишува состојба во која тетивите на ротаторната манжетна на рамото се притиснати додека минуваат помеѓу врвот на надлактицата (хумерус) и врвот на рамото (акромион). Ротаторната манжетна е група од четири мускули и коски кои делат заедничка тетива. Болката обично се јавува кога ја кревате раката до или над 90 степени.
Инпиџмент сидромот е многу честа повреда на рамото.
М. супраспинатус се зацврстува на супраспинозната фоса на скапулата, па сè до големиот туберкулум на главата на хумерусот. Тетивата на м. супраспинатус поминува низ просторот помеѓу акромионот и хумералната глава која ја нарекуваме субакромиален простор. ⠀
Тој простор е тесен и тука се појавува импиџмент синдромот. Импиџмент синдромот може да влијае и на субакромијалната бурза и на долгата глава на бицепс брахии.
Кога ја кревате раката нагоре, субакромијалниот простор станува тесен и предизвикува зафаќање на тетивата на м. супраспинатус. Тогаш, може да се случи импиџмент синдромот да предизвика иритација на тетивата или на бурзата.
Импиџмент синдромот најчесто е предизвикан од правењето повторувачки движења кои, пак, можат да ја влошат состојбата на тетивата, предизвикувајќи воспаление и задебелување. Кога ќе се задебели тетивата, субакромиалниот простор ќе стане уште потесен. Како резултат на тоа, добивате намален опсег на движење, болка и потенцијално кинење на тетивата на м. супраспинатус.
На вакви повреди најчесто се изложени спортистите кои се многу активни со рацете (пливање, ракомет, тенис, кошарка) и луѓето со каква било активност што вклучува повторувачки движења (градежни работи, молерај и сл).
Симптоми:
- болка при кревање на раката на ниво над главата;
- кревање тешки предмети или посегнување по предмет;
- можна појава на оток и сензации на предната страна на рамото;
- намален опсег на движење поради болка и вкочанетост;
- слабост на ротаторните мускули и евентуално на другите околни мускули – понекогаш ќе можете да забележите атрофија на мускулите на погодената страна;
- Вечерна болка (при менување на положбата на спиење).
Нормално, во раната фаза луѓето имаат тенденција да го игнорираат проблемот, обично сѐ додека не се предизвикаат понатамошни повреди/кинење.
Како се јавува болката во рамото?
Рамото е многу сложен дел од вашето тело. Тоа има способност да постигне многу физички задачи, а исто така има и најголем опсег на движење од сите зглобови што ги имате во вашето тело.
Тоа е зглоб „утикач и штекер“, што значи дека главата на коската на надлактицата, или „хумерус“, совршено се вклопува во соодветниот простор во рамките на лопатката или „скапулата“. Краевите на коската се заштитени со дебел слој на ’рскавица, заштитувајќи ги коските од триење.
Ќесите исполнети со течност, наречени „бурса“, исто така ги штитат тетивите од триење со коските. Тетивите ги прикачуваат коските во рамото на збир на коски, познати како ротаторна манжетна. Ако нешто тргне наопаку со сложеноста што ја сочинува механичката интеракција на рамото, болката може да биде траен резултат, освен ако не се бара соодветен физикален третман.
Типот на болката што ја чувствувате во рамото може да варира во зависност од причината што ја предизвикува. Болката од импиџмент, на пример, започнува во одредена точка во опсегот на движење додека ја кревате раката нагоре во воздухот. Болката што произлегува од дегенерирано рамо може да создаде постојани болки секогаш кога ќе ја движите раката во одредени насоки. Акутните повреди може да резултираат со ненадејни и интензивни болки кои го оневозможуваат движењето на рамото.
Употреба на биоактивен екстракт од куркума
Flexofytol® е биоактивен екстракт од куркума кој со посебен технолошки процес е направен да се раствора во вода, т.е. зголемена е неговата солубилност, што резултира со последователно зголемување и на биорасположливоста на препаратот. Неговиот механизам на дејство е двоен. Од една страна, ги блокира медијаторите на воспалението, а од друга страна, ја блокира нуклеарната KB-патека, со што не дава процесот на дегенерација да прогресира.
Flexofytol® е препарат кој се употребува за деца над 6-годишна возраст и за возрасни, за одржување на флексибилноста на зглобовите и го ограничува стареењето на ’рскавицата, а неговото дозирање е на следниов начин:
Зглобови и мускули:
Почетна доза:
Деца од 6 до 12 години
Почеток: 2 капсyли наутро во период од 1 месец.
Оджување: една капсула наутро.
Над 12 години
Почеток: 2 капсули наутро и навечер во период од 1 месец.
Одржување: 2 капсули наутро.
Тетиви:
Деца од 6-12 години: 2 капсули наутро и навечер во период од 1 недела.
Над 12 години: 4 капсули наутро и навечер во период од 1 недела.
Flexofytol® може да се користи долготрајно без несакани ГИТ проблеми.
Мерки на претпазливост
- Не се употребува за време на бременост и доење или во случај на опструкција на жолчниот канал.
- Потребен е совет со лекар доколку во исто време пациентот употребува кумарински или хепарински антикоагуланси.
- Не се употребува во случај на упорна дијареја.
- Да не се надминува препорачаната дневна доза.
- Додатоците на исхрана да не се користат како замена за храна.
- Производот треба да се чува надвор од дофат на деца.
Референци:
https://www.webmd.com/pain-management/why-does-my-shoulder-hurt
https://my.clevelandclinic.org/health/symptoms/25122-shoulder-pain
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/books/NBK554693/
Изработил:
д-р Трајанка Димитријеска – специјалист по физикална медицина и рехабилитација
EWO-NMK-FLEXOFYTOL.PR.DR.T.DIMITRIЈЕSKA-11.2024-002
Остави коментар